Повеќе од половина Косовци не можат да си дозволат годишен одмор

more_43543543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Официјални статистички податоци на Косово покажуваат дека повеќе од половината Косовци годинава не можат да си дозволат барем еднонеделен годишен одмор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставникот на Агенцијата за статистики на Косово (АСК), Хиди Морина вели дека 57 отсто од Косовците немаат пари за годишен одмор, како последица на големиот пораст на животните трошоци.


– Околу 57 отсто од домаќинствата не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, на море, на планина или каде било. Немаат буџетски простор за да имаат една недела одмор, изјави Морина за приштинската КТВ.

Според него, енормно се зголемени трошоците на семејните стопанства, но не и заработувачките, а 55 отсто од приходите на домаќинствата одат за основна потрошувачка.

– Условите за живот зависат од приходите. Приходите во семејните економии во Косово се извонредно малку зголемени, додека трошоците се зголемени екстремно, посебно во потрошувачката. Основната потрошувачка зафаќа 55 отсто од приходите на домаќинствата“, рече Морина.

Тој потенцира дека речиси две третини од домаќинствата исто така имаат големи потешкотии во плаќањето кредити и други долгови.

– Големи тешкотии за враќање на кредитите имаат 63,3 отсто (домаѓинства, додека за различни долгови процентот е поголем, околу 85 отсто“, рече Морина, додадавајќи дека има семејства кои земаат кредити за да одат на одмор, но оти за таа работа нема статистика.

Дури 43 отсто од Косовците не се во можност да си дозволат еднократен трошок од 100 евра, велат од АСК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK