Потрагата по телото на малата Данка се пресели во Лазарева Пештера

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се уште нема трага од телото на малата Данка Илиќ (2), која беше убиена кај Бор во Србија.



За нејзиното убиство се осомничени 50-годишниот Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, работници на локалното претпријатие  Водовод, кои прво ја прегазиле со автомобил, а потоа ја задавиле и и го фрлиле телото.

Потрагата се префрли во месноста Лазарева Пештера и Злотска река, кои се на нешто повеќе од 3 километри од селото Злот, каде се наоѓа куќата на Дејан Драгијевиќ, кој призна дека го задавил девојчето.

Српското Министерство за внатрешни работи најави дека продолжува со потрага по телото на убиената Данка. „Припадниците на МУП интензивно вршат детален претрес на теренот на подрачјето на градот Бор во потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ, за чиешто грозоморно убиство се осомничени С.Ј.(50) и Д.Д. (50).

Како што наведуваат, повеќе од десетина припадници на полицијата со најсовремена опрема во моментов ја пребаруваат Лазарева Пештера, која се наоѓа на околу три километри од селото Злот каде живее осомничениот Д.Д, Лазаревиот Кањон, како и целиот простор покрај Злотска Река во потрага по телото на детето.

Се сомнева дека телото на Данка од депонија во околината на Бањско Поље го префрлил Д.Д., вториот ден по извршеното кривично дело, се вели во соопштението на МВР на Србија.

Како што јавува репортерот на Телеграф од местото на настанот, пред пештерата има припадници на полицијата, како и пожарникари и спасувачи. Денеска е целосен молк пред куќата на осомничениот Дејан Драгијевиќ. Никој нема, освен една дежурна полициска патрола.

Да потсетиме, полицијата вчера изврши интензивен претрес на теренот на куќата на осомничениот Дејан Д., кој и самиот вчера бил на местото на настанот. Во селото Злот од утрото пристигнуваат цистерни за одводнување на септички јами, пожарникари, полиција, багери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK