Потрага по Србинка во Мадрид: Испратила сомнителна порака на пријателката додека била на одмор и исчезнала без трага, се вклучи и ФБИ

Потрага-по-Србинка-во-Мадрид-Испратила-сомнителна-порака-на-пријателката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската државјанка со српско потекло Ана Кнежевиќ (40) исчезнала во Шпанија откако пред две недели ја напуштила Флорида на одмор. Нејзините пријатели се загрижени, апелираат до сите да им помогнат во потрагата, а медиумите во Соединетите Американски Држави наведуваат дека во потрагата се вклучило и ФБИ.


Пријателите на Ана не ја виделе, ниту слушнале од февруари, а како што изјавија за медиумите во САД, таа заминала на одмор кон крајот на минатата година, откако се развела од сопругот кој живее во Мајами.

Изнајмила стан во центарот на Мадрид и планот бил да остане во Шпанија неколку месеци, но на неа и се губи секаква трага.

Како што раскажале нејзините пријатели, кобната вечер и испратила порака на пријателката дека запознала маж со кој ќе одат во викендица, на два часа од Мадрид. После тоа, нејзините пораки не стигнале, ниту пак одговарала.

Последен пат била видена на 2 февруари околу 22 часот во станот.

Во потрагата по Ана покрај шпанската полиција се вклучи и ФБИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK