Поради снежните врнежи прогласена вонредна состојба во дел од Бања Лука: ќе биде ангажирана дополнителна мобилизација

Screenshot-2024-12-25-135950.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градскиот штаб за вонредни состојби во Бања Лука на денешната седница прогласи вонредна состојба и состојба на елементарна непогода предизвикана од обилните снежни врнежи за подрачјата на повеќе месни заедници во областа Бања Лука, соопшти градската управа.


Градската управа наведува дека органите, службите и компаниите на подрачјето на Бања Лука ќе бидат ангажирани и целосно ставени во функција со цел што поефикасно да се отстранат последиците од елементарната непогода предизвикана од снежните врнежи, односно да се расчистат патните комуникации на територијата на градот.

– Ќе се ангажира дополнителна мобилизација, а ќе се ревидира и постоечкиот акциски план. Вонредната состојба ќе трае се додека има потреба од спроведување мерки за заштита и спасување, како и санирање на последиците од обилните снежни врнежи. Штабот вчера донесе одлука за формирање на волонтерски тимови, кои ќе им бидат достапни на граѓаните во месните заедници кои поради временските прилики немаат струја и вода, а воедно ќе ги посетат и подрачјата каде снегот е повисок од 40 сантиметри – истакнуваат од Градската управа на Бања Лука.

Активирани се и итни телефонски броеви кои ќе бидат достапни на граѓаните 24 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK