Поради дојава за бомба, евакуирана е зградата во која се сместени три суда во Подгорица

по.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради дојава за бомба во Подгорица, евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд.


Според порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта.

„Нешто многу големо ќе се случи, нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие продолжете да ги следите политичките лидери. Да живее Србија, да живее Русија, да живее Република Српска“, се вели во заканувачкиот мејл“, пренесува медиумот.

Е-маил адресата е на име Паја Велимировиќ, пренесува порталот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK