Полицајката Џенана по казна била преместена во Градачац, правела проблеми во Тузла

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицајката Џенана С., која била во контакт со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, била префрлена во станица во Градачац по казна.


Аваз открива дека кариерата на полицајката Џенана веќе била компромитирана и дека многу порано имало елементи за нејзино суспендирање, односно исклучување од редовите на оние кои треба да ги штитат граѓаните и да ги спроведуваат законите.

Џенана наводно работела во Централната полициската управа во Тузла, но откако било откриено дека има непрофесионална комуникација со луѓе од криминалното милје, била префрлена на работа во мала полициска станица во Градачац.

Инспекторите наводно дошле до фотографии кои докажуваат дека полицајката освен со монструмот од Градачац имала контакти и со други лица од криминалната средина и дека често објавувала заеднички фотографии на својот Инстаграм профил.

Аваз потсетува дека откако беше објавено дека Џенана имала близок контакт со налудничавиот убиец Нермин Сулејмановиќ, МВР на Тузланскиот Кантон одлучи да ја суспендира.

По убиството, тамошните медиуми објавија неофицијални информации дека Џенана била во врска со Нермин Сулејмановиќ, а за нив знаела и убиената Низама Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на убиецот и дека поради тоа била тепана.

Но, адвокатот на полицајката ја демантираше оваа информација.

Џенана одговори на пораката во која медиумите ја поканија да ја каже и нејзината страна на приказната, но рече дека самата не може да зборува додека не се консултира со адвокат.

Нејзиниот адвокат тврди дека неговиот клиент не само што не го открил скривалиштето на Низама, туку дека таа немала никаква врска со Нермин Сулејмановиќ, особено не романтична.

– Она што можам да ви го кажам е дека мојата клиентка Џенана немала никаков контакт со лицето кое ги извршило овие тешки кривични дела, ниту пак имала информации каде се наоѓа лицето кое загина во овој настан. Истражните органи на кантонот Тузла, во соработка со обвинителството, водат истрага против Џенана, но знаеме дека нема индикации дека таа имала некаква поврзаност со убиецот. Таа е полицаец во Градачац, местото е мало и сите се познаваат со секого, па се знае дека е примерен службеник против кој никогаш не е покрената дисциплинска постапка. Тврдиме дека никому не дала никакви информации за жртвата, ниту, сепак, била распоредена на работно место каде што би имала пристап до такви информации – изјави за Јутарњи лист, адвокат со исто презиме како и убиената Низама Хеќимовиќ.

Од Комеморативниот центар во Тузла наведуваат дека убиецот од Градачац Нермин Сулејмановиќ не е погребан, и дека никој не дошол да го земе неговото тело.

Според Амер Хајдархоџиќ, шефот на службата во Комеморативниот центар Тузла изјавил дека никој не се јавил да го преземе телото, а Центарот нема ни законска можност да го изврши погребот.

Телото на убиецот Нермин се уште е во нивните фрижидери.

Утрово било наредено вештачење на мобилниот телефон на убиецот, кое можело да открие со кои судии и полицајци разговарал, кој бил „кртот“ во МВР на Тузланскиот Кантон и ја открил адресата на неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која ја убил, а што го пренесуваше во живо на својот Инстаграм профил.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK