Со говор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, попладнево во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во следните три дена, премиерот и министрите од Владата ќе ја претстават нивната програма, а се очекува свои обраќања да имаат и лидерите на останатите политички партии, како и пратеници.
Владиниот портпарол Павлос Маринакис на брифингот со новинарите во понеделникот рече дека Мицотакис во говорот „ќе ги опише главните приоритети на Владата за уште повеќе реформи и промени, за посилна Грција за сите граѓани“.
Претставувањето на владината програма ќе заврши в сабота вечер со гласање доверба на Владата.
На гласањето ќе му претходи обраќање на Мицотакис, како и на лидерите на партиите.
Пред десет дена на парламентарните избори, Нова демократија победи со 40,56 отсто од гласовите и доби 158 пратеници, со што го обезбеди и неопходното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник за формирање Влада. с