Францускиот претседател Емануел Макрон му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за, како што рече, топлото добредојде за време на неговата дводневна посета на Србија.
„Почитуван Александар, драг српски пријател, ви благодарам за толку топлото добредојде. Значително ги подобривме односите меѓу Србија и Франција. Ќе продолжиме. Имате пријателство и почит од Франција, како и од мене“, напиша Макрон на својот Инстаграм профил, пишувајќи порака на српски, а потоа и на француски.
View this post on Instagram
Претседателот на Франција денеска ја заврши дводневната посета на Србија, а од аеродромот Никола Тесла во Белград беше придружуван од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.