На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“.
Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.
Инаку, и тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.
„Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата прилика“, им порача тогаш Бора на организаторите.
За жал, сега не успеа да ја добие битката.