По трагедијата во „Рибникар“: момчето убиец првпат во суд и после подолго време пред родителите, местото преполно со полиција

Во-Белград-протест-на-родителите-чии-деца-беа-убиени-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Момчето убиец од Основното училиште „Владислав Рибникар“ утрово е донесено од болницата каде што е сместено во зградата на Специјалниот суд каде денеска треба да биде сослушан во кривичната постапка против неговите родители.



Момчето убиец со возило на Брза помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа со ротации, пренесуваат тамошните медиуми.

Според написите, пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки кои го обезбедуваат судот и судењето. Има и неколку полициски возила.

Српските медиуми потсетуваат дека момчето-убиец кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година, првпат ќе се сретне лице во лице со семејствата на неговите жртви, како и со неговите родители, откако уби невини деца и училишен чувар а од покренувањето на обвинението му беше забрането да комуницира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK