Ивица Миловановиќ (61) од Ниш денеска е осуден на седум години затвор за тешко кривично дело против јавниот сообраќај што доведе до смрт на Златица Стојковиќ (66).
Според обвинението, Миловановиќ на 11 ноември минатата година во алкохолизирана состојба со возило „фиат добло“ на пешачкиот премин на улицата „Књажевачка“ ја удрил Златица при што ја повредил, од што починала на лице место.
Обвинителството побара девет години затвор за обвинетиот со оглед на отежнатата околност што тој како професионален возач бил пијан зад воланот. Исто така забрана за управување со возило во период од три години.
Претставниците на семејството на починатата бараа 12 години затвор. Станува збор за првостепена пресуда против која право на жалба имаат и одбраната и Вишото јавно обвинителство.