Белградската полиција уапси маж (33) од Кина под сомнение дека го расекол С.В. (37), дознава „Телеграф.рс“.
Мажот е примен во болница во Земун и е во стабилна состојба. Констатирани му се тешки повреди во вид на расекотини по телото.
Нападот се случил синоќа час по полноќ во стан во Сурчин. Кинезот бил под дејство на алкохол.
Осомничениот е во притвор до 48 часа.