Движењето Европа сега (ПЕС) најави дека следните денови ќе одржи внатрепартиски консултации и ќе излезе со јасен став за формирање на нова 44 Влада на Црна Гора.
ПЕС на вчерашните вонредни парламентарни избори освои 25,6 отсто од гласовите односно 24 пратенички места.
– Ја претставувавме програма и визија која пред сè е поврзана со подобрување на животниот стандард на граѓаните на Црна Гора. За неполна година од формирањето, нашето Движење од вонпарламентарна партија стана најсилна политичка партија во државата, а во меѓувреме од нашите редови добивме претседател на државата, градоначалник на Подгорица и градоначалник на Даниловград, се наведува во соопштението од ПЕС.