Патник добил порака за поставена бомба во авион: на аеродромот во Сараево активирана кризна ситуација

saraevo-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 17 часот и 50 минути на Меѓународниот аеродром во Сараево е повторно започната процедурата за тревога и известување откако еден од патниците на летот Меминген – Сараево добил порака со заканувачка содржина, пренесува „Radiosarajevo.ba“.


Патникот добил дојава за поставена бомба во авионот.

Пораката пристигнала додека авионот бил над Хрватска, а авионот слетал на аеродромската писта во Сараево, по што бил спроведен кризен акциски план.

Информацијата ја потврдила и Белма Чурековиќ, портпарол на сараевскиот аеродром за порталот „Radiosarajevo.ba“.

Во авионот имало 190 луѓе.

Локалните медиуми потсетуваат дека денеска, во 15 часот и 36 минути, на Меѓународниот аеродром во Сараево била пристигната електронска пошта со заканувачки содржини дека на аеродромот се поставени експлозивни направи.

Според написите, била направена контрадиверзантска проверка на целиот меѓународен аеродром во Сараево и се покажало дека дојавата за поставени експлозивни направи е лажна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK