Падна дел од таванот во училница, повредени две ученички во Лесковац

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две ученички на Економското училиште во Лесковац се полесно повредени кога врз нив паднал дел од таванот во училницата, пренесуваат локалните медиуми.



Ова училиште нема сопствен објект, па со децении ги користи просториите на Лесковачката гимназија за настава, пишуваат тамошните медиуми.

Дел од таванот паднал за време на одморот, пишува „Југпрес“.

Според написите, во болницата во Лесковац нема детски невролог, па девојчињата се испратени на преглед во Ниш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK