Осум лица од Србија и Словенија се повредени ноќеска во тешка сообраќајна несреќа, недалеку од австрискиот град Манерсдорф.
Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за работници, а до несреќата најверојатно дошло кога возачот Србин (46) заспал на воланот, поради што минибусот се превртел во кружниот тек кај Оберлоисдорф.
Во несреќата повредени се пет мажи и три жени, од кои некои се здобиле со тешки телесни повреди.
Едно лице останало заробено во минибусот, поради што пожарникарите морале да го исечат возилото.