„Осомничените се’ уште не се сослушани“ – Обвинителството за убиството на девојчето Данка Илиќ во Бањско поле кај Бор

danka-ilic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осомничените за убиството на малата Данка Илиќ (2) се уште не се сослушани во Обвинителството, соопштија од Вишото јавно обвинителство Заечар.



„Осомничениот Д.Д. и С.Ј. се уште не се сослушани во ова обвинителство и ќе бидат сослушани кога ќе бидат донесени со кривичната пријава. На осомничените им се доделени бранители по службена должност. По приемот на кривичната пријава и доказите доставени со пријавата ќе се утврдува и правната квалификација на кривичното дело“, велат од Обвинителството.

Како што рекоа, засега немаат информации дали телото на девојчето во меѓувреме е пронајдено, пренесува Новости.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK