Осомничениот за убиство на Македонец: Се скарал со новиот сопруг на поранешната сопруга, па го удрил

1-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеесет и едногодишниот Горан С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Бобан П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.


Осомничениот пред многу години се развел од сопругата и таа останала да живее во Италија. Таа во последните шест-седум години била во емотивна врска со Бобан П., со кој и се омажила.

– На 8 август, во вечерните часови екссопругата на Горан дошла кај нејзини пријатели во куќа која е спроти куќата на осомничениот. Горан С. видел италијански таблички на автомобилот во соседството, па излегол да се пресмета со поранешната сопруга, вели сведок на трагедијата.

Според него, Горан бил груб со поранешната сопруга, почнал да и вика и да ја навредува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK