Осмиот земјотрес денеска ја погоди Хрватска

2-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нов земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.


Земјотресот е регистриран во близина на островот Мљет, на 30 километри од Метковиќ, на длабочина од шест километри.

Засега нема информации за материјална штета.

Најмалку седум земјотреси синоќа ја погодија Хрватска. Првиот земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска синоќа во 22 часот и 39 минути, а потоа следеа уште најмалку шест земјотреси.

Потоа следеше серија земјотреси – 2,2 степени според Рихтеровата скала во 5:21 часот, а потоа најсилниот земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала е забележан само 12 минути подоцна – во 5:33 часот.

После тоа Хрватска се стресе уште најмалку три пати, со земјотреси со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, 2,4 степени според Рихтеровата скала и 2,3 степени според Рихтеровата скала, кој е регистриран во 6 часот и 7 минути.

Засега нема информации за материјална штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK