Османи верува дека иднината на Косово е во ЕУ, на Србите им порача дека тоа е и нивен дом

КОСОВО
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косово е фокусирано на европската иднина и убедена сум дека евроатлантските интеграции наскоро ќе бидат нашата иднина, рече денеска косовската претседателка Вјоса Османи во говорот во Европскиот парламент и ја искористи можноста да им порача на косовските Срби дека Косово е и нивен дом.

Османи е првата претседателка на независно Косово која се обрати пред Европскиот парламент, 25 години откако ЕП на „визионерскиот“ лидер на Косово, Ибрахим Ругова, во Стразбур му ја врачи наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.


„Република Косово и нејзиниот народ продолжуваат да гледаат кон иднината – европската иднина. И како што е напишано во нашиот Устав, евроатлантската интеграција е нашата прва и единствена дестинација. Тоа не е само наша амбиција, туку и наша цел; јас сум убедени дека тоа наскоро ќе биде нашата иднина“, рече Османи по што следеше громогласен аплауз како одобрување од европратениците.

Таа рече дека Косово не е далечна земја, туку составен дел од Европа.

„Западен Балкан не е само „соседство“ туку природен дел од Европа и е од стратешки интерес за траен мир и стабилност на континентот“, рече Османи.

Затоа, продолжи таа, „минатата година поднесовме барање за членство и се надеваме дека европските институции и земјите – членки ќе го поддржат нашето барање“.

„Сметаме на лидерството и одлучноста што овој Парламент толку често ги покажува. За возврат сакам да ве уверам дека нашето трпение нема да згасне. Никогаш нема да скршнеме од нашиот евроатлантски пат“, рече Османи, нагласувајќи дека Косово е 100 проценти во согласност со одлуките на ЕУ и во однос на надворешната политика и безбедноста.

Во својот говор таа потсети дека по прогласувањето независност на 17 февруари 2008 година, Косово тргна по неверојатен пат на трансформација, раст и просперитет.

„Вредностите на ЕУ се наш морален компас (…) подадевме рака за соработка на сите наши соседи и решени сме да ги заштитиме и промовираме правата на сите граѓани на Косово. На Србите во Косово им порачувам: Косово е вашиот дом, ќе направиме се што е во наша моќ да се чувствувате заштитени, да не бидете оставени настрана, да сте еднакви и да ве слушаат“, рече Османи.

Осврнувајќи се на актуелната ситуација, таа потврди дека нејзината земја се соочува со безбедносни предизвици и дека единствениот начин да ги преброди лежи во партнерствата и сојузите.

„Недостигот од интеграција на демократските земји од Западен Балкан претставува голема безбедносна закана за цела Европа, бидејќи го остава регионот ранлив на закани и злонамерни актери. Интеграцијата на нашиот регион не е само од исклучителна важност, туку е од стратешко значење“, оцени Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK