Покрај посетата на Киев, Виктор Орбан беше и во Москва каде се сретна со Владимир Путин, додека во Вашингтон пред шест дена разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По напорните патувања, унгарскиот премиер реши повторно да се одмори во Хрватска.
Меѓу туристите кои се враќаат на јадранскиот брег е и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој деновиве повторно беше снимен на островот Вис.
Имено, премиерот и минатата година го поминал својот одмор во Хрватска, поточно во Опатија, каде што престојувал во луксузна вила во сопственост на Унгарката Ана Унгар, пишува „Вечерњи лист“.
Овој пат Орбан го избра јужниот остров, а со него успеа да се фотографира и сопственикот на популарниот ресторан Вила Калиопа, Горан Печаревиќ.
„Ги чекаме Путин и Трамп. Доцнат“, се пошегува Печаревиќ со објавената фотографија што ја објави на Фејсбук, а на која седи со унгарскиот премиер и со насмевка ги креваат рацете во воздух, исто како поранешниот американски претседател Доналд Трамп по атентатот во кој бил ранет во увото.
Премиерот беше во лежерно издание. Носеше светло сина кошула со кратки ракави со палми, црвени бермуди и капа.
Самиот Орбан не се огласи, а се чини дека овој одмор уследи по тешките патувања во последните недели откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ, пишува медиумот.