ОХР: Додик со својот авантуризам го загрозува Дејтонскиот договор

ohr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска ги осуди обидите на властите на Република Српска, предводени од Милорад Додик, да го поткопаат државниот Уставен суд, оквалификувајќи го како напад врз уставниот поредок и Дејтонскиот договор, но не објави никакви конкретни мерки кои би можел да ги преземе.

Реакцијата на Канцеларијата на Шмит (ОХР) уследи откако Националното собрание на РС вчера усвои Закон со кој се забранува спроведување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на тој ентитет, што веднаш предизвика бурни реакции.


– Обидот на Националното собрание на РС да го поткопа авторитетот на Уставниот суд на БиХ е неприфатливо кршење на Дејтонскиот мировен договор, сериозен предизвик за владеењето на правото во РС и напад на уставниот поредок на БиХ, се наведува во соопштението на ОХР објавено на Твитер.

ОХР како најодговорен го посочуваат Додик и предупредуваат дека РС нема друг избор освен да го почитува Дејтонскиот договор и неговите одредби, во кои се наведува дека одлуките на Уставниот суд на БиХ се конечни и обврзувачки за сите.

Според ОХР, Шмит е подготвен да соработува со Парламентот на РС за да му помогне да ги исполни своите обврски, но пред тоа тие мора да го отфрлат „бизарното и авантуристичко поткопување на Дејтон“ на Додик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK