Оддавање почит и нови апсења поврзани со масакрите во Србија

pomen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска ќе се одбележат 40 дена од убиството на девет ученици и чуварот, а истовремено е уапсено уште едно лице поврзано со вториот масакар кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е најавено, училиштето „Владислав Рибникар“ ќе биде отворено од 10.00 до 18.00 часот за граѓаните кои сакаат да положат цвеќе или да запалат свеќа во спомен на жртвите од масовните убиства.


Ученикот К.К. (13) на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и чувар, а повреди пет ученици и еден наставник.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Смедерево, денеска е уапсен и одредена му е мерка притвор до 48 часа на Б.Г., братучед од вујко на У.Б., кој е осомничен за масакрот во околината на Младеновац.

Б. Г. е осомничен за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Тој е уапсен врз основа на нови факти утврдени во тековната истрага против У.Б., Р.Б. и Г.Г. заради утврдување и расветлување на сите околности во врска со потеклото на оружјето, муницијата и експлозивните направи што обвинетиот У.Б. го употребил при извршувањето на кривичните дела што му се ставаат на товар, односно што е пронајдено при претрес на просториите што ги користеле обвинетите.

Претходно беа уапсени таткото и вујкото на У.Б., кои се осомничени за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK