Од Хаг ново обвинение против Шешељ и уште четворица радикали

Од-Хаг-ново-обвинение-против-Шешељ-и-уште-четворица-радикали.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската амбасада во Хаг доби ново обвинение за непочитување на судот против лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, и четворица негови соработници – Миљан Дамјановиќ, Љиљана Михајловиќ, Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњаватовиќ.


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа во гостувањето на РТС изјави дека добил порака дека од Хаг пристигнало уште едно обвинение против Воислав Шешељ за непочитување на судот.

„Против Воислав Шешељ и четворица негови соработници пристигна ново обвинение за непочитување на судот. Само да се додаде уште нешто на сите овие притисоци“, рече Вучиќ.

Шешељ со правосилната пресуда на Хашкиот трибунал од 2018 година беше осуден на десет години затвор за поттикнување на прогон, депортација и принудно раселување и преселување на Хрватите во војводинското село Хртковци во 1992 година.

На 6 мај 1992 година тој одржа говор во Хртковци, за кој Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови, кој е наследник на поранешниот Хашки трибунал, оцени дека значително придонел за прогон, депортација и други нечовечки дејствија.

Шешељ остана на слобода во Србија, бидејќи ја отслужи казната за време на престојот во притвор од 2003 до 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK