Обвинителството на БиХ формира предмет против Додик

Dodik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Обвинителството на Босна и Херцеговина формира предмет против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој минатата недела поднесе кривична пријава против себе за усвојување на Законот за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во Република Српска.

Додик, зборувајќи за пријавата против себе и неговите соработници, рече дека се одлучил на тој чекор бидејќи никој од Федерацијата БиХ не го пријавил, пренесува порталот „Независни новини“, а Обвинителството на БиХ соопшти дека немало други пријави кои се однесуваат на наведеното, освен онаа на Додик.


– Од претходно, во работењето има повеќе предмети во кои Додик Милорад е во својство на пријавен или осомничен за различни кривични дела, соопшти Обвинителството на БиХ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK