Познат идентитетот на младите кои вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа во градот Добриње во БиХ. Несреќата се случила во ноќта од среда кон четврток. Во несреќата загинаа Бранка Дуспер и Армин Пушчуловиќ од Кисељак и Амина Кардаш и Сара Савиќ од Високо, пишува Аваз.
Имено, тие се движеле по регионалниот пат меѓу Какањ и Високо кога изгубиле контрола над мерцедесот кој завршил во реката Босна.
Во возилото имало уште едно лице кое успеало да се спаси, а се претпоставува дека испаднал од возилото пред да заврши во реката.