­

Објавена е нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад


Screenshot-2025-03-18-094051.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментот кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, во главното фоаје имаше околу 35 луѓе кои чекаа да купат билети или чекаа воз. Никој од нив не е повреден, според снимките од надзорните камери кои ги објави Форбс Србија.


На снимката се гледа дека главното лоби не било градилиште само на хартија, со оглед на тоа што барањето за работа на објектот било потврдено дури на 16 октомври 2024 година. Тоа било навистина градилиште бидејќи патниците стоеле во зграда каде што се уште се работи, пишува Форбс Србија.

Како што може да се види на снимката која е објавена, новоизградената галерија не била отворена за патниците и другите посетители на станицата во моментот на уривање на настрешницата. Преку скалите беше поставена карактеристична темнозелена градежна фолија. Исто така, се гледа дека недостасува дел од оградата на скалите на новата галерија.

Покрај тоа, значителен дел од фоајето беше заграден со лента, а на подот имаше и градежна фолија. Тие се показател дека се уште се работи и дека овие делови од зградата не биле достапни за патниците. Пример за работа во тек дури и во моментот на уривање на настрешницата е скелето поставено во близина на лифтот. Овој лифт, наменет првенствено за лицата со посебни потреби, заедно со галеријата беше една од новите функции во фоајето, се додава во текстот на Форбс Србија.

Како што може да се види на снимката, патниците различно реагирале на несреќата. Со оглед на големата тежина на бетонската конструкција на настрешница, имаше силно движење на воздухот и се подигна голема количина прашина. Ова ги исплашило некои патници, па побегнале. Од друга страна, имаше и такви кои немо гледаа, но и такви кои останаа во ред за влезници.

Повеќето од нив по 15 до 20 секунди набрзина го напуштиле фоајето. Во останатиот дел од снимката, до која имал пристап Форбс Србија, може да се види дека некои вработени во станицата се обиделе да им помогнат на оние кои се нашле под настрешницата. Од внатре се обиделе да стигнат до повредените.

Исто така, на снимката се гледа дека меѓу првите во главното лоби пристигнале градежни работници. Не е јасно од кој дел од зградата дошле, освен што се симнале по скалите од катот погоре, каде што се наоѓаат платформите. Сепак, ова може да биде уште еден показател дека се уште се работи во зградата. Многу брзо, по само една минута, во главното фоаје се појавија првиот полицаец и двајца обезбедувачи. Набрзо пристигнала брзата помош и други полицајци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK