Нови детали за злосторството во Крушевац: jа убил сопругата и ја повредил љубовницата, па се самоубил кога бил опколен од полицијата

Capture-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човекот кој утрово го изврши злосторството во Крушевац кога ја уби сопругата, ја рани љубовницата, според локалните медиуми, се самоубил кога бил опколен од полицајци. Како што е потврдено за порталот „Нова.рс“, полицијата во Крушевац се уште врши увид на лице место.



Мажот утрово во Расадник, Крушевац, најпрвин ранил жена за која се претпоставува дека му е љубовница, а потоа на патот меѓу Јасика и Кукљин убил жена за која се претпоставува дека му е сопруга.

Како што дознава „rtk.rs“, постои сомневање дека сторителот на ова дело на крајот се самоубил во својот автомобил на патот меѓу селата Страгари и Милутовац.

Според надлежните, повредената жена се здобила со прострелна рана во главата и била пренесена во ургентниот центар на Општата болница Крушевац.

Како што е потврдено, таа е во тешка состојба и се наоѓа на одделението за интензивна нега на хирургија Крушевац.

Два часа подоцна, нешто пред 9 часот, истиот човек со огнено оружје пукал во сопругата на патот Јасика-Кукљин.

Жената се здобила со прострелна рана во главата, а екипи на итната помош констатирале смрт на лице место.

Како што јави РТС, мажот е пронајден мртов кај Милутовац. Засега се претпоставува дека се работи за истиот човек кој по злосторството извршил самоубиство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK