„Никому ништо лошо досега нема направено, беше верник“, се огласи братот на чуварот кој уби три лица во училиштето во Сански Мост

2-25.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Братот на чуварот кој вчера изврши тројно убиство во училиштето во Сански Мост изјави дека не знае што точно се случило и дека е во голем шок.


Домарот Мехемед Вукалиќ вчераутро со пиштол дошол во училиштето и ги убил директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан.

Ова е невидена трагедија за Сански Мост.

„Да, точно е дека се работи за мојот брат. Не знам ништо за тоа. Појадував на балконот и го слушнав истото што го слушнавте. Згрозен сум. Во последно време не се дружиме, не знам што се случи со него. Не знам што се случило на училиште, прашајте ги нив или некој што работел со него. Инаку, тој беше еден од подобрите, беше верник, никому ништо лошо не направил до сега. Не знам што да кажам. Јас сум во голем шок, не знам што се случи“, изјави за 24сата братот на чуварот кој го изврши тројното убиство.

По делото што го извршил, Вукалиќ си пукал и во градниот кош, по што итно бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука, каде што бил примен во свесна состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK