Имињата на над 26.000 физички и правни лица кои на државата ѝ должат по над 150.000 евра, со доцнење на плаќањето повеќе од една година, објави Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, вклучени се 10.168 физички лица и 16.839 правни лица, а од Управата посочија дека објавувањето на податоците е задолжително согласно законот.
Додадоа дека сите оние кои се вклучени на листите на јавни должници биле информирани преку електронска пошта за да ги подмират нивните долгови.