Невреме во Словенија, најголеми штети во западниот дел на земјата и во Цеље и околината

nevreme
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во уште една серија невреме што синоќа и изутрината ја зафати Словенија, најпогодени се западниот дел на земјата и градот Цеље и околината на исток. Струја нема во некои делови на Западна Приморска и Источна Штаерска, пренесува СТА.

На подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј изутрината без струја останаа околу 1.800 корисници, соопшти компанијата Електро Марибор.


Единицата за цивилна заштита Марибор пријави инциденти во текот на ноќта во седум општини, главно од релативно мал обем, како што се пожари предизвикани од запалени инсталации, оштетувања на покриви, одрони и паднати дрвја.

На подрачјето на Цеље исто така дојде до прекин на струја и други оштетувања на локалната инфраструктура.

Повеќе од 1.500 корисници рано утринава останаа без струја, соопшти Електро Целје, а затворени се и дел од патиштата. Тешко беше погоден и северниот дел на Приморска, силен град кој падна оштети покриви, прозорци и автомобили, особено во општините Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско.

Силните налети на ветер корнеа дрвја и урнаа покриви во областа Нова Горица на запад, соопшти локалната единица за цивилна заштита. Околу 6.000 корисници во тој регион изутрината останаа без струја, а меѓу бројните инциденти беше и евакуацијата на децата кои престојуваа во кампот Лепена кај Бовац.

Продолжување на невремето или обилни врнежи се предвидува во текот на денот, а Агенцијата за животна средина предупредува дека има шанси за поплави, особено на североистокот од земјава.

За цела држава денеска на сила е портокалово предупредување, а на југ постои можност за попладневно невреме со град. Во Словенија утре се очекува постепено стабилизирање на времето, јави СТА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK