Утрово ситуацијата во Нови Пазар е мирна и по вчерашното излевање реките во текот на ноќта полека се повлекуваа.
Невремето вчера траело три-четири часа, имало силен дожд и град кој траел над час и половина. Реките се излеаа, особено проблематична беше Трнавица бидејќи целата вода од планината Рогозна се слеваше кон реката и градот.
Но, водата не предизвикала преголема материјална штета како претходните години, туку навлегла во дворовите, бавчите и подрумите, па некои семејства морале да бидат евакуирани.
Во некои делови од градот наврнале 80 мм дожд на метар квадратен. Блокирани се одредени рурални патишта, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во текот на ноќта се е санирано и сите патни правци кон Нови Пазар се проодни.
Во Нови Пазар вчера е прогласена вонредна состојба, во тек е седница на штабот за вонредни ситуации, а за попладне се најавени нови врнежи.
Под вода беше и центарот на градот.