НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата во кои беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од алијансата.
„Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН“, нагласи адмирал Стјуарт Б. Мунш во соопштение.
Тој додава дека „насилството мора да престане“.