Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди нападите врз силите на Алијансата на Косово, откако 30 нејзини мировници беа повредени во судирите со демонстрантите од етничките Срби.
„Силно ги осудуваме неиспровоцираните напади врз трупите на КФОР во северно Косово, што доведоа до 30 повредени мировници. Таквите напади се неприфатливи и мора да престанат“, рече Столтенберг во Осло.