Најмалку 40 лица заробени во пожар во зграда во Албанија, има и хоспитализирани

Најмалку-40-лица-заробени-во-пожар-во-зграда-во-Албанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар што зафати дел од трговскиот ценатр во Лушан, Албанија, се рашири во остатокот од зграда од 12 спрата.


Медиумите известуваат дека околу 40 луѓе се заробени додека 35 се хоспитализирани поради гушење од чад.

Меѓу нив има и две деца и двајца пожарникари.

Градските противпожарни сили, со поддршка на противпожарната служба Тирана, продолжуваат да го гаснат пламенот и да ги евакуираат станарите на зградата.
Хеликоптер исто така вклучен во пожарот, пишуваат тамошните медиуми.

Пожарот што првично избувна на вториот, третиот и четвртиот спрат на центарот Метропол во Лушан, исто така, се прошири во становите лоцирани на горните катови.

„Над 20 лица беа однесени во болница, додека брзата помош сè уште доаѓа и заминува. Во меѓувреме, бројот на луѓе заробени во центарот, но и во зградата не можат да се пребројат.

Албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала, полицискиот директор Мухамет Румбулак и неговиот Заменик Ерион Брејс, исто така, пристигнаа на лицето на местото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK