Над 100 лица уапсени во Грција поради предизвикување пожари

grcija-pozari-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 119 лица се уапсени од Противпожарната служба во Грција поради предизвикување пожар од небрежност, а 27 лица за подметнување пожар, од 1 мај до денеска, напиша денеска грчкиот министер за климатска криза и цивилна заштита, Василис Кикилијас во порака на мрежата „Икс“ (Твитер), цитирана од АНА-МПА.


„Од 1 мај до денеска: Противпожарната служба приведе 119 лица за подметнување пожар поради невнимание и 27 лица за подметнување пожари. Грчката полиција извршила 18 апсења и приведе тројца други лица на распит. Во последните три дена се извршени четири апсења за подметнување пожар во Авлонас, Каристос, Пахна и Лариса и две предизвикани од невнимание во Каламата и Кос“, прецизираше министерот.

Претходно денеска, службата соопшти дека уапсила двајца мажи за кои се верува дека намерно подметнале шумски пожари. Тие се приведени во Каристос и во Лариса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK