Речиси 3.000 повеќе Грци во споредба со претходните избори, се пријавиле да гласаат од странство на претстојните парламентарни избори во Грција за кои ќе бидат отворени 102 гласачки места во 35 земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за надворешни работи на Грција преку Твитер соопштија дека 25.610 Грци кои живеат во странство в сабота на 24 јуни ќе гласаат на 102 гласачки места во 82 града во 35 земји.
На минатите избори на 21 мај Грците кои живеат во странство за првпат имаа можност да гласаат на парламентарните избори, без да биде потребно да се вратат во Грција.
Гласањето во странство е во сабота, еден ден пред изборите во земјата, започнува во седум часот утрово и трае до 19 часот по локално време во секоја земја,
Минатиот месец беа пријавени 22.855 лица, беа отворени 99 гласачки места во 85 градови во 35 земји.