Мустафа: САД и ЕУ нема да дозволат Курти да се повлече без да ги имплементира договорите со Србија

mustafa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа вели дека не очекува дека во наредните десет години може да се дојде до конечен договор за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната изјава за порталот „Газета Блиц“, Мустафа оцени дека главна пречка за постигнување конечен договор меѓу Приштина и Косово е неодговорноста на актуелната косовска власт, предводена од премиерот Албин Курти.


Според него, Косово сега е претворено во проблем за меѓународната безбедност.

– Ниту во десетгодишен хоризонт не го гледам конечниот договор. Сето тоа поради неодговорноста на оваа власт. Никој, ниту Соединетите Американски Држави, ниту Европската унија, ниту Велика Британија не зборуваат веќе ниту за тоа, ниту пак за меѓусебно признавање (меѓу Косово и Србија). Косово сега е претворено во безбедносен проблем, изјави Мустафа.

Поранешниот премиер и поранешен лидер на сега опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) смета дека, и доколку Курти сака да поднесе оставка и да не ги спроведе договорите со Србија, тоа нема да му биде дозволено од меѓународната заедница.

– Не станува збор само за мерките за деескалација на состојбата на север, туку за исполнување на договорите кои Курти ги прифати во име на Косово. Се чини дека, и кога Курти би сакал да поднесе оставка и да не ги спроведе договорите, тоа нема да му го дозволи меѓународната заедница, пред да почне да ги имплементира истите тие договори со чие спротивставување дојде на власт, изјави Мустафа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK