„Момчето го виде масакрот и телата на неговите убиени пријатели“: мајката на ученик ранет во „Рибникар“ сведочеше во граѓанската постапка против Кецмановиќ

masakr-ribnikar-godisnina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Вишиот суд во Белград денеска со сведочењето на мајката на момчето кое беше рането во масакрот на 3 мај минатата година во ОУ „Владислав Рибникар“ продолжи правната постапка против родителите на момчето кое го изврши кривичното дело.


Александра Батиниќ, мајка на малолетниот А.Б. изјави дека на 3 мај минатата година, кога се случил масакрот во Рибникар, околу 08:45 часот и се јавил синот за да и каже дека е ранет, по што добила повик од полицијата која и кажала дека со возило на брза помош е пренесен во медицинска установа, но не се знае точно каде во тој момент, пренесува Нова.рс.

Батиниќ изјавила дека веднаш отишла во Ургентниот центар, каде лекарите и рекле дека нејзиниот син е жив, но дека е ранет во коленото и дека не се знае колку е тешко.

Таа опишала дека поради тоа била многу исплашена и дека доживеала голем стрес бидејќи не знаела во каква состојба е нејзиниот син и степенот на повредата.

Таа изјавила дека малолетниот А.Б. поминал три дена во болница и дека постојано плачел и барал одговор од мајка му зошто се случило сето тоа, бидејќи со К.К., кој го извршил делото, бил во добри односи.

Мајката кажала дека нејзиниот син бил кај К.К., дека заедно направиле презентација за училиште и отишле на Саемот на книгата и дека меѓу нив немало никаков конфликт.

Батиниќ рече дека А.Б го видел целиот масакр и телата на неговите убиени пријатели, како и дека по трагедијата нејзиниот син заплакувал од страв, бидејќи не бил сигурен дека е безбеден и заштитен од К.К., се плашел и од звуци поради истрелите што директно ги слушнал за време на масакрот.

Батиниќ изјавила дека злосторството и ранувањето на нејзиниот син оставило голема трага на целото семејство, бидејќи тие никогаш веќе нема да бидат безгрижни и секогаш ќе бидат во страв.

Адвокатката на семејството Кецмановиќ, Марина Ивеља, рече дека тие нема да сведочат во оваа постапка и дека нивните изјави што веќе ги дале може да се користат.

Судијата го затвори судењето за јавноста за да го сослуша малолетниот А.Б. кој сведочел по мајката.

Следното рочиште е закажано за 19 ноември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK