Момче сведочи за тепачката пред да потоне сплавот: Обезбедувањето влезе и почна да исфрла луѓе, почна турканица

Видео-Во-Белград-потона-сплав-–-тинејџери-паѓаа-водата-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на ноќта на Институтот за мајка и дете бил примен младиот човек С.М.(18), кој, се претпоставува, дека бил повреден во тепачка што се случила синоќа на сплавот „Картел“, кој потоа потонал.


Според првите неофицијални информации, се сомнева дека се здобил со тешки телесни повреди, по што бил префрлен во Ургентниот центар. Сепак, како што соопштија од Ургентниот центар, во текот на ноќта примиле три лица од сплавот и на сите им биле констатирани полесни повреди, а по набљудување и лекување биле пуштени дома, пишува „Нова.рс“.

За тоа што се случило синоќа на сплавот, за „Блиц“ зборува еден од младите кои синоќа бил на сплавот и кој како и останатите го исфрлило обезбедувањето од сплавот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nova.rs portal (@nova.rs_portal)

„Забавата требаше да трае до два и пол, но неколкумина од обезбедувањето се качија на сплавот и наизменично исфрлаа луѓе, меѓу кои и мене. Ги замолив да ми ја кажат причината, но тие само ми рекоа: ‘Оди надвор’. Излегов културно. Потоа им се јавив на пријателите да им кажам дека ме избркале, но по десетина минути почна да излегува поголема група луѓе кои се спротивставија на обезбедувањето. Тогаш почна тепачката“, рече тој.

Како што вели, наеднаш од сплавот почнале да излегуваат маса луѓе, туркајќи се и врескајќи…

„Сите дојдоа до мостот што ги поврзува сплавот и брегот. Мостот почна да пука, сплавот почна да тоне, а сите што бегаа од сплавот паднаа во водата. Не знаеле дека мостот паднал и потоа паднале во водата. Се спасуваа“, изјави сведокот за Блиц.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK