Милановиќ: Би било добро Иран да го признае Израел, а Израел да ја признае палестинската држава

Милановиќ-Би-било-добро-Иран-да-го-признае-Израел-а.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ го повика Иран да го признае Израел, а Израел да ја признае Палестина и повика на мир и воздржаност откако Хамас започна голема офанзива против Израел, а бројот на жртви продолжува да расте.


„Можам да го повторам она што му го кажав на иранскиот претседател, со кого се сретнав во Њујорк, дека би било добро, фер и логично да го признаат Израел“, изјави Милановиќ пред новинарите, додавајќи дека би било добро и Израел да ја признае палестинската држава.

Но, тој не верува дека би можело да дојде до тоа.

„Тоа нема да се случи, што и да ни кажат, безразлика каква поддршка ќе им дадеме денес на овие или оние чии знамиња ги закачуваме. За мене во оваа земја има место само за едно знаме, а тоа е хрватското знаме, а сите други можат да бидат само половина копје подолу, но не на исто ниво. Ниту ЕУ, ниту НАТО нема да бидат на исто ниво, особено не знамињата на трети земји“, додаде Милановиќ, пренесе хрватски „Индекс“.

Хрватскиот претседател рече дека се надева оти нема убиени Хрвати и го осуди убивањето на цивили.

„Повикувам на мир и воздржаност бидејќи она што го гледаме е страшно (…) Тоа не го гледаме во Украина, тоа не го видовме ниту една минута. Израел ќе возврати на понапреден начин, уште повеќе луѓе ќе умре“, рече хрватскиот претседател.

Иран, сојузник на Хамас и непријател на Израел и Саудиска Арабија, му честиташе на Хамас за „херојската офанзива“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел е во војна и дека тоа ќе биде долга и тешка војна против Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK