Мицотакис најави предвремена отплата на заемите од првиот меморандум за економски спас на Грција

micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предвремена отплата на двегодишните заеми на Грција од првиот меморандум за економски спас на земјата во 2010 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Блумберг, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека со предвремената отплата ќе се испрати позитивен сигнал до финансиските пазари.


-Не само што сме фокусирани на растот, туку сакаме да бидеме сигурни дека соодносот на нашиот долг со БДП ќе продолжи да опаѓа со многу брзо темпо, објасни грчкиот премиер.

Паралелно истакна дека првата цел на Владата е да се врати државниот кредитен рејтинг и Грција пред крајот на годината да добие инвестициски степен.

-Сакам да продолжам да ја правам Грција многу атрактивна дестинација за странски инвестиции“, порача Мицотакис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK