Мицотакис на НАТО Самитот се осврнал на Украина, Западен Балкан и мигрантското прашање

micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На ситуацијата во Украина, на Западен Балкан и на мигрантското прашање, меѓу другото се осврнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашниот состанок на првиот ден од НАТО Самитот во Вилнус, објави грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, според истите информации, посочил дека тензиите на Западен Балкан може да бидат уште еден предизвик за стабилноста на НАТО, го поздравил процесот на пристапување на Шведска во НАТО, а во однос на Украина, нагласил дека Алијансата направила многу.


Посебно се осврнал на мигрантското прашање за кое рекол дека е „политички и геополитички предизвик за НАТО, бидејќи се однесува на односите на земјите од Алијансата со јужното соседство“.

На маргините на Самитот, Мицотакис денеска ќе има одвоени средби со премиерот на Северна Македонија, со претседателите на Турција и Франција, како и со германскиот канцелар.

Вчера пак, се сретна со неговиот албански колега Еди Рама, а владини извори за АНА-МПА рекле дека грчкиот премиер го покренал случајот со притворениот градоначалник на Химара Фреди Белери и ја истакнал потребата од итно решавање на прашањето, нагласувајќи дека станува збор прашање поврзано со владеење на правото во Албанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK