Мандарини со пестицид, отровен сок и вода во кафуле во Хрватска – затруените во болница, институциите на нозе

Мандарини-со-пестицид-отровен-сок-и-вода-во-кафуле-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хлорпирифос – пестицид кој е особено опасен за децата, е откриен во мандарини што се продаваат во Хрватска и Словенија. Истовремено, хрватските медиуми јавуваат за случаи со труење по консумирање на сок и вода во кафуле, а заедничко е името на производителот кое засега не е објавено.



Кај мандарините, тестирањето на овошјето покажало дека покрај тоа што хлорпирифос е забранет, тој е пронајден во количина од 0,033 mg/kg, додека максималната дозволена количина е 0,01 mg/kg, пишува „24 Часа“. Овој пестицид е поврзан со нарушувања во развојот на мозокот и хормоналниот систем кај децата.

Полицијата денес потврди нов случај на труење со вода и сок откако на социјалните мрежи масовно се проширија пораките со кои се предупредуваат граѓаните да не консумираат пијалоци произведени од познат бренд бидејќи предизвикуваат пржен хранопровод и стомак. Медиумите засега не го спомнуваат името на брендот, бидејќи се уште не е потврдено дека конзумирањето на пијалоци од таа марка претходело на труењето, пишува „Индекс“.

„Во КБЦ Риека едно лице е примено на болничкото одделение под сомнение за хемиска повреда на хранопроводникот. Нејзината здравствена состојба моментално е стабилна и продолжуваат посочените дијагностички и терапевтски процедури“, велат од болницата.

Случајот го потврди и полицијата во Риека.

„На 4 ноември годинава во СВ Приморско-горанска е пријавена дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во еден од рестораните во центарот на Риека и е пренесено во КБЦ Риека заради укажување соодветна лекарска помош“ соопштија од Полициската управа Приморско-горанска.

Оттаму додаваат дека во текот на досегашната постапка, полициските службеници извршиле увид, одземени се одредени предмети и обавени се разговори со повеќе лица.

Претходно уше еден ваков настан бил пријавен во полицијата.

Полициското одделение Приморје-Горски Котар објави соопштение во кое наведуваат дека пред три дена добиле пријава дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во кафуле.

„На 4 ноември годинава во СВ Приморје-Горски Котар е пријавено дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во еден од рестораните во центарот на Риека и е пренесено во КБЦ Риека за укажување соодветна лекарска помош.

Полицијата за сите досегашни сознанија го известила надлежното државно правобранителство, како и надлежниот Државен инспекторат за да преземе мерки од нивна надлежност.

Утврдувањето на сите релевантни факти поврзани со овој настан е во тек.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK