Македонски државјанин уапсен во Грција, возел 223 километри на час, кадешто било дозволено 110


motor-radar-foto-grchka-policija.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возач на мотоцикл е уапсен за опасно возење, бидејќи на магистралниот пат Солун -Евзони достигнал брзина од 223 километри на час, со дозволена брзина од 110 километри на час.


Станува збор за 49-годишен државјанин на Северна Македонија, пишува „Прототема“,

Неговата брзина била регистрирана од радарски уред на Тимот за контрола и спречување на сообраќајни несреќи при Одделот за сообраќајна полиција во Кукуш.

Државната телевизија ЕРТ објави дека му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK