Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син

cb96a684-a672-478f-9d5d-d9e70d8b4850.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.


Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.

Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.

Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.

„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.

Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.

Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.

Телото на Данка се уште не е пронајдено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK