Мајката на напаѓачот рекла дека ноќта не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат на својот син.
„Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да излезе. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози и се пресекол“, изјави за 24сата мајката на осомничениот за трагичниот напад во училиштето во Пречко.
Млад човек (19) денеска рано наутро упадна во училиштето и ги нападнал децата и наставничката.
Едно дете почина, наставничка и шест ученици се повредени во напад со нож што се случи утринава во основното училиште „Пречко“ во Загреб.