Мајка и две деца завршија во болница во Дубровник поради гумени бонбони

Мајка-и-две-деца-завршија-во-болница-во-Дубровник-поради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајка и две деца на возраст од 14 и 15 години од Метковиќ во саботата биле примени во болница во Дубровник откако конзумирале гумени бонбони кои ги добиле од роднини во САД.



Како што јави локалниот портал „Дубровник Инсајдер“, директорот на болницата Марио Бекиќ утрово изјавил дека тие се стабилни и во добра општа состојба.

Тој рече дека мајката и децата биле невообичаено еуфорични кога биле примени, па настанот бил пријавен во полиција.

„Полицијата со потврда ги одзеде бонбоните, ќе бидат испратени на вештачење и ќе се спроведе кривична истрага“, изјави Андријана Бискуп, портпарол на СВР Дубровник-Неретва.

Според информациите на порталот, гумените бонбони содржеле опојни материи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK