Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, го осуди денешниот напад врз косовската полиција, велејќи дека сите треба да се вратат на дијалогот.
„Најостро го осудувам страшниот напад врз косовската полиција. Насилството во каква било форма е апсолутно неприфатливо“, напиша Лајчак на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер).
Тој додаде дека сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Сите мора веднаш да се вратат на дијалогот“, напиша Лајчак.