Курти за три години потрошил 30 милиони евра на бензин за службени автомобили

kurti1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер Албин Курти за три години потрошил 30 милиони евра на нафтени деривати за „службени возила“, објави денеска приштинскиот портал Фронт онлајн.


Порталот, повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии на привремените институции, потсетува дека Курти додека беше во опозиција бил против високите трошоци за службените автомобили.

Се наведува дека во 2021 година привремените институции потрошиле 7,62 милиони евра за гориво за автомобили, во 2022 година овие расходи достигнале 11,34 милиони евра, додека во 2023 година изнесувале 10,5 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK